Конкурс за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2009 година

Општина Велес врз основа на Одлуката на Советот на Општина Велес за востановување на наградата за животно дело „Петре Прличко“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.3/06), а во соработка со Здружението на драмски уметници на Република Македонија „Џинот“ од Скопје  и НУЦК „ЈХК – Џинот“ од Велес, распишува

К О Н К У Р С
за доделување на Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2009 година

ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ

Конкурсот се распишува со цел да се прибават предлози на кандидати за доделување на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални  институции и здруженија на граѓани  од областа на драмската уметност од Република Македонија.

Кандидатите треба да се професионални драмски актери државјани на Република Македонија.

Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација.
На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.

Конкурсот отпочнува на денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на предлози е 16 октомври 2009 година година, најдоцна до 15:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, лично или по пошта.

За предлозите испратени по пошта краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во горе споменатиот рок за предавање.

Прашања во врска со конкурсот можат да се поставуваат писмено (по пошта), лично или на телефон 043-232-406 кај лицето Билјана Манаскова.

ПРЕДЛОГ

Предлогот за кандидатот на конкурсот треба да содржи:
- Пријава за кандидатот од предлагачот;
- биографија на кандидатот што ги содржи сите досегашни професионални остварувања во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија;
- фотографија на кандидатот; и
- образложение од предлагачот за пријавување на кандидатот на конкурсот.

НАГРАДА

На конкурсот се доделува една награда.
Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

ИЗБОР

Од пријавените кандидати по конкурсот, изборот на добитникот го врши стручна комисија од три члена.
Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес конференција во Општина Велес, најдоцна 5 дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.

Градоначалник
на Општина Велес,
Горан Петров