Обележана годишнината од масакрот на Пуста Кула
Во организација на ОО на СБМ – Велес на 14 септември беше организирано обележување од 67 годишнината од масакрот на Пуста Кула. Спомен обележјето покрај организаторите на настанот го посетија членови на семејствата на невините жртви, претставници од Општина Велес, претставници од политички партии од Велес и Република Македонија. Сеќавање на овој немил настан од историјата на Велес изнесоа членови на боречката организација.