Точно во 5 на МТВ

ImageВо рамките на новиот циклус на емисии посветени на општините во Македонија, на првата програма на Македонската телевизија Општина Велес се претстави како прва од општините надвор од Скопје.

Во емисијата наречена „Точно во 5“ гостуваа Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, еминентниот велешанец и прв претседател на Движењето на екологистите на Македонија, Јосиф Таневски кој живее и работи во Скопје, и копаничарот Љубомир Бисин. За културно уметничката презентација на Велес се погрижија и Тончовата Чалгија, „Перкашн бенд“, младиот гајдаџија Филип Василевски и КУД „Керамичар“.

Image

Контактниот дел од емисијата анимираше голем број граѓани кои пројавија интерес директно да контактираат и да побараат одговори од Градоначалникот Аце Коцевски.

Велешани се погрижија и за сценографијата во студиото на МТВ, презентирајќи ги пред јавноста ликовните дела од сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“ како и копаничарските дела на Љубомир Бисин.