Со нашите пријатели поблиску до ЕУ

ImageСо посредство на Фондагијата „Фокус“, а во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Македонскиот центар за европско образование и Младинскиот образовен форум, во Велес се реализираше третиот дел од проектот „Акција за Европа“. Овој пат се дебатираше на тема „Со нашите пријатели поблиску до ЕУ“. Воведничари беа Градоначалникот на Велес, г-дин Горан Петров, Н.Е  г-дин Сампајо, Амбасадор на Португалија и Н.Е. Марија де Лара, заменик Амбасадор на Кралството Шпанија. По што се разви широка дискусија од бројните посетители на дебатата.

ImageImage

Присутните имаа можност да ги проследат и искуствата на Шпанскиот кралски институт и Португалскиот институт за меѓународни односи, како и видувањата на Младинскиот центар за европско образование за тоа кои се следните чекори што Македонија треба да ги преземе за да стане членка на европското семејство на народите.

 

(14.09.2009)