Претседателот во Велес
На 11-ти септември годинава, Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов ја посети Општина Велес. Во рамките на посетата, Претседателот оствари средба со градоначалникот Горан Петров и ја посети локацијата за изградба на населбата на Меѓународната организација „Хабитат“. Изразувајќи задоволство од проектот кој ќе овозможи граѓаните што во моментов живеат во субстандардни услови да добијат кров над глава, Претседателот Иванов и самиот се вклучи во градежните работи.