Одржана конференција за децентрализација во културата
Во организација на Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ и Регионалната агенција за слика и тон од Долна Нормандија, на 15 септември се одржа Конференција за децентрализација на културата во Република Македонија и Република Франција – Долна Нормандија.На конференцијата свои искуства изнесоа претставници од Регионалниот совет за култура, Комисијата за култура, градоначалници и членови на совети од Долна Нормандија и претставници од Министерството за локална самоуправа, институции од областа на културата и уметници.
Градоначалникот на Општина Велес говореше на тема Улогата на културата во локален контекст во Македонија, при што се осврна на правото на автономија во креирање на културата на локално ниво, законската регулатива и финансирањето на општините, соработката со централната власт и НВО секторот.
Во своето излагање Градоначалникот Петров ги потенцираше ефектите од процесот на децентрализација во изминатите 4 години и искуствата што Велес ги има постигнато на тој план. Гостите од Долна Нормандија денес ќе го посетат Велес и ќе се запознаат со нашата богата култура и историја.
(15.09.2009)