Стартуваше академската учебна година
Трите факултети во Велес – Факултетот за туризам и угостителство од Охрид – дисперзирани студии во Велес;Техничкиот факултет од Битола – дисперзирани студии во и Велес и Технолошко-техничкиот факултет од Велес денес го означија стартот на новата акаденска учебна година.На 2550 студенти од кои 394 бруцоши , на академскиот час одржан во дворот на факултетската зграда деканите на факултетите им посакаа добредојде. Од името на Општина Велес успех и среќа во школувањето им посака претседателот на Советот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
Во блиска иднина се очекува да стартуваат и студиите по правни науки во Велес, со што бројката на студенти во Велес споредено со ланската година се очекува да биде двојно зголемена.
(16.09.2009)