Проширување на соработката со Франција

ImageВо рамките на заложбите за воспоставување на меѓународна соработка помеѓу општините во Македонија и Франција, на 16-ти септември годинава, Општина Велес ја посети делегација на општини од регионот Долна Нормандија. Арно Фонтен, Градоначалник на Беновил, Мари Кристин Oфлак, Градоначалничка на Уили лe Тесон, Флоренс Гелин, Директорка на Регионалнатa агенција за конзервација на слика и звук и Фредерик Левеје, Општински советник на Аржентан имаа можност да се запознаат со работата на Општина Велес и вредностите и потенцијалите на општината во областа на културата и одржливот развој.


Во рамките на престојот делегацијата покажа особен интерес за значењето на Велес во развојот на македонската култура, постојните манифестации и нивото на примена на информатичката технологија. Делегацијата го посети и археолошкиот локалитет Стоби. Престојот во Велес резултираше со конкретни иницијативи за збратимување, размена на искуства и учество во културни манифестации.

ImageImage

(16.09.2009)