Прием по повод Рамазан Бајрам

ImageПо повод големиот празник Рамазан Бајрам, Градоначалникот Горан Петров организираше прием за граѓаните од исламската вероисповед. На приемот присуствуваа Ефенди Адем Чоревски, в.д Муфтија со претставници на Исламската верска заедница, членови на Советот на Општина Велес, претставници на здруженија на граѓани и претставници на Медиумите. Во името на сите граѓани, Градоначалникот Петров на присутните гости и граѓаните од исламската вероисповед им го честиташе празникот и упати јавна благодарност за нивното активно учество во развојот на Општина Велес.

„Нема да бидеме тоа што сме ако не сме заедно. Рамазан Бајрам е празник што ги промовира највисоките вредности во општеството. Љубовта кон семејството и соживотот“, рече Петров кој изрази верба дека Велес и во иднина ќе биде пример за добра соработка. Во својата порака до присутните и до граѓаните, Ефенди Чоревски ги нагласи универзалните вредности на празникот. „Нашето духовно прочистување ни овозможи од овој Рамазан да излеземе почисти зошто колку сме поблиски до Бога толку сме поблиски до човекот“. На традиционалниот прием беа разменети мислења и за тековни прашања од интерес на соживотот во заедницата.

ImageImage

ImageImage

 (22.09.2009)