Уметноста ги надмина границите

ImageНа 10-ти септември годинава, во реномираната галерија „Водникова Домација” во Љубљана беше отворена самостојна изложба на велешкиот ликовен уметник Живко Пренџов. Насловена „Напуштени ѕидови“ изложбата опфаќа 25 графики на пејсажи и архитектурни амбиенти работени во техниката сериграфија. Пред околу стотина љубители на ликовната уметност од Република Словенија, изложбата ја отвори Мајда Ленцих, директор на галеријата. Изложбата предизвика голем интерес во културната јавност во Словенија.


Отворањето беше збогатено и со пригодна културно уметничка програма во изведба на Гудачкиот квартет на Љубљанска филхармонија. Изложбата на Пренџов во галеријата „Водникова Домација” ќе биде отворена до 6-ти октомври годинава. Покрај љубителите на уметноста во Љубљана самостојната изложба на Пренџов имаа можност да ја видат и во Врање и Нови Пазар, Република Србија. Кон крајот на октомври изложбата ќе биде пренесена во галеријата во Кавадарци.

ImageImage

Image

(29.09.2009)