Цртежот ги надминува верските и јазичните бариери
На 24.09.2009 год. во Г.Оризари се случуваше несекојдневен настан.Во просториите на општинската канцеларија се организираше Ликовна еко - работилница на тема „Цртежот ги надминува верските и јазичните бариери“. Учесници на работилницата беа ученици од повеќе ООУ од Велес и соседните општини од повеќе етнички заедници (македонци, бошњаци, албанци, турци, роми, срби, власи) и учениците од УПП „Маца Овчарова“ . Како мотив на учениците за творење им послужи ЕКО парадата спроведена од најмладите ученици на ООУ „Рајко Жинзифов“. Потоа присутните имаа можност да проследат интересни ЕКО штандови со рачни изработки од отпадни материјали и едукативни еко пораки. Зеднички генерален мотив за творење беше „Судбината на планетата во рацете ја имаме“.
Учесниците на оваа работилница без оглед на верска и национална припадност, сите зедно испратија порака до возрасните дека визија за иднината им е живот во чиста животна средина, а нивната мисија ке биде од најмали нозе да ја развиваат еколошката свест кај себе и кај возрасните.
Овие активности на училиштето „Рајко Жинзифов“ од Г.Оризари се дел од активностите на проектот Еко училиште кој се реализира во соработка со Граѓанската асоцијација ОХО. Партнери на училиштето во иницијативата „Ликовна еко работилница“ беа НВО „Мулти арт клуб –Бихор“ од Г.Оризари и Општина Велес. Финансиска подршка на активностите беше обезбедена од Фондацијаза локален развој и демократија ФОКУС, Инстиутот за трајни заедници од фондовите на Агенција на САД за меѓународен развој USAID.