Велес доби ново фудбалско игралиште

ImageПремиерот Никола Груевски, Градоначалникот Горан Петров и директорот на Агенцијата за млади и спорт Никола Ѓурчиновски, на 3-ти октомври годинава го пуштија во употреба новото фудбалско игралиште во Велес. Игралиштето е изградено во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 50 стандардни фудбалски игралишта ширум Македонија, како и голем број други спортски објекти.


Премиерот Груевски изрази надеж дека спортските клубови ќе го користат теренот и дека на игралиштето ќе тренираат млади таленти кои еден ден достојно ќе ја претставуваат Македонија. Во своето обраќање пред присутните на свеченоста Груевски најави и низа значајни проекти за развој на Велес со акцент на изградбата на инфраструктура крај езерото Младост како стратешко место за развој на транзитниот туризам. 

Градоначалникот Горан Петров можноста за спортување на новото игралиште ја оцени како израз на континуитетот на развојот на спортот во Велес, особено фудбалот  кој со Фудбалскиот клуб „Борец“  има традиција поголема од 90 години. Тој напомена дека проектот кој ќе се заокружи со изградба на две тениски игралишта ќе им овозможи на младите велешани да тргнат по вистинскиот пат. Драган Ѓурчиновски, директор на Агенцијата рече дека ова е голем ден за општина Велес затоа што стана дел од големите проекти на Владата на Република Македонија за изградба на спортски објекти. Игралиштето во Велес има стандардни  меѓународни димензии од 120 х 80 метри, монтажни трибини, соблекувална, дренажен систем и осветлување.

ImageImage