Известување за одржување на ликовна изложба
Во Ликовниот салон во Велес на 06.10.2009 год. во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од ликовниот уметник Стефан Хаџи - Николов. Роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија, група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје. Член на ДЛУМ од 1984 година. Со својот специфичен стил, една сложена компилација меѓу фотореализмот и надреализмот ги предава младите женски тела во својата полна убавина. Со поставувањето на уметнички артефакти кои се извлечени од древноста за да ја сугерираат вечноста на уметничкото творештво, наспроти како што посочува Клетников, убавината, која што без разлика што е во полн расцут во сликите на Хаџи – Николов гледачот почнува да размислува за минливоста и трагичноста на убавината. Хаџи – Николов и преку употребените бои сина, портокалова, виолетова наспроти бледо кафеавите и сивкастите партии, како да ги спротивставува минливото и вечноста.
Има реализирано 40 самостојни изложби. Учествувал на повеке од 100 групни изложби во земјата и надвор од неа. Учесник на повеке мегународни ликовни колонии. Од 2002 до 2006 учествувал на Саемот на уметност „Импресија“ во Пловдив(Бугарија). Добитник е на повеке награди. Во ликовниот салон во Велес ќе се престави со 20 сетина слики.
Велес
05.10.2009год.
Народен Музеј - Велес
Директор
Перовски Спасе