Во чест на велешките Илинденци
На 5-ти октомври годинава, делегации на Општина Велес, Општинската организација на Сојузот на борците, АРМ и политички партии положија букети цвеќе пред споменикот на Илинденците во центарот на Велес. Делегациите и присутните граѓани им одадоа достојна почит на велешките војводи Тодор Христов Офицерчето кој загина пред 106 години и Јован Наумов Алабакот и Андреја Димов Докурчев кои со четите загинаа за Македонија пре 102 години. Тодор Христов Офицерчето останува запаметен во историјата на македонскиот народ како конструктор на црешовото топче и голем воен стратег. Тројцата велешки војводи оставија аманет за сите генерации на Велес со својата саможртва за татковината.