ВО ЧЕСТ НА 11 ОКТОМВРИ
Во Организација на Општина Велес и ОО на СЗБ од НОВ денес беше обележан 11 Октомври – Денот на востанието на Македонскиот народ и Денот на борецот. Спомен-костурницата ја посетија претставници од Општина Велес, Боречката организација, Гарнизонот на АРМ, политички партии и училишта од Велес.
Во своето обраќање Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Горан Петров во своето обраќање истакна дека денешните генерации Македонци ја почитуваат борбата на сите свои предци низ историјата што го водела иста мисла – слободна и независна Македонија, но и дека има во нас доволно моќ и доблест, разум и мудрост да го прифатиме предизвикот на новото време и сигурно и слободно да градиме во него европска Македонија.
За историскиот 11 Октомври 1941 година говореше членот на Боречката организација Ристе Ристевски. Во чест на празникот ученици од Гимназијата „Кочо Рацин“ и Литературниот клуб „Кочо Рацин“ изведоа пригодна програма.
(09.10.2009)