ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА
Првата недела во октомври им е посветена на децата од целиот свет. Првачињата тогаш стануваат членови на најголемото семејство на Светската детска организација. Честитки во име на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија им упати претседателот на Општинската организација на Сојузот за грижи и воспитување, г-ѓа Лилјана Николова.
Во чест на овој детски празник Општина Велес за сите дечиња од општината организираше детска претстава. Гостуваше Театарот за деца „Развигор“ со претставата „ЕКО“.
(09.10.2009)