Дневен ред за 10-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 4285 /1
08.10.2009 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 10-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 15.10.2009 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-одлука за определување на светец – заштитник на Општина Велес
2. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2009 година.
3. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2009 година.
4. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието за 2009 година
5. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) за 2009 година
6. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита за 2009 година
7. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита за 2009 година
8. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади за 2009 година
9. Предлог-решение за распределба на средствата за поддршка на спортот во Општина Велес за 2009 година
10. Предлог-решение за именување на членови на Комисијата за избор на добитник на Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“
11. Предлог-решение за разрешување на претседател и членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
12. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
13. Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на Општинско основно училиште „Рајко Жинзифов“, Долно Оризари
14. Предлог решение за именување член на Училишен одбор на Општинско основно училиште „Рајко Жинзифов“, Долно Оризари
15. Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на Општинско основно училиште „Стојан Бурчевски-Буридан“, с. Иванковци
16. Предлог-решение за именување Училишен одбор на Општинско основно училиште „Стојан Бурчевски-Буридан“, с. Иванковци
17. Предлог-правила за работа на урбаната / месната заедница
18. Извештај за работењето на претпријатието ЈКП Дервен во првите шест месеци од I – VI месец 2009 година
19. Извештај за реализираните активности од областа на спортот по делегирани надлежности


Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.