Известување за одржување на изложба
Во четврток 15.09.2009 год. во 19 часот во Спомен куќата на Касапови во Велес ќе биде отворена изложба на слики на три сликарки од Нови Сад: Кристиња Радин, Владана Молдован и Данијела Богуновиќ, која е дел од Интернационалниот ликовен караван “2005-2010 “Сета таа музика- Звук на бојата, Боја на звукот” чиј автор е м-р. Тихомир Кондев. Делата се творени во согласност со темата на овогодишниот караван “Звуци на соништата”. На изложбата ќе бидат преставени со по седум нивни најнови дела, масло на платно.
Додека во 20.00 часот во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена изложба на слики, графики и скулптури, “Звуци на соништата” која е дел од Интернационалниот ликовен караван 2005-2010 “Сета таа музика - Звук на бојата, Боја на звукот” чиј автор е м-р. Тихомир Кондев.
На изложбата ќе бидат преставени со по едно дело реномирани ликовни уметници од првата и средната генерација на македонски сликари и дела на поголем број на млади автори од десет земји, Р.Македонија , Р. Србија, Шпанија... и ликовни уменици по прв пат од Италија и Хрватска. Застапени се сите генерации од Лазар Личеноски, Младен Србиновиќ, Димитар Кондовски, Петар Мазев, Слободан Бата Недељковиќ, Божидар Дамјановски, Мујо Алагиќ, Зоран Зугиќ, Стево Павков, Владимир Расиќ... до најмладите Горан Јованов, Емина Цветковиќ, Ристе Пуцоски, Мелинда Шевчиќ, Вања Тробиќ...
Изложбата ни дава можност за согледување на континуитетот во македонската ликовна уметност како и во тековното творештво на поголем број млади автори од други земји. На изложбата ќе бидат преставени дела од триесетина ликовни уметници.
Со почит,
Народен Музеј - Велес
Директор
Перовски Спасе
(14.10.2009)