Како до европските фондови за земјоделство?
Со цел што поголем број земјоделци во Вардарскиот плански регион да се информираат за можностите за црпење на фондови од 5-та компонента на ИПА (ИПАРД), на 21 октомври годинава во Општина Велес се одржа работилница. Настанот го организираа Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и одделението за економски развој на Општина Велес со предавачи од ФИООМ и Фондацијата „Евро Центар“ од Свети Николе.
Присутните на работилницата имаа можност да се запознаат со критериумите за користење на средствата, постапките, прифатливите инвестиции приоритетните области и други значајни аспекти од системот за управување со средствата од ИПАРД. Според проценките, од нивото на информираност и едукацијата на крајните корисници-земјоделците, ќе зависат и капацитетите за искористување на овие значајни фондови на Европската Унија за развој на земјоделството.
(21.10.2009)