Проект EMY
Во Центарот за поддршка на невладини организации Велес (ЦПНВО) на ден
01.02.2006 год (среда) се одржа работилница на тема “Преговори за
продолжување на ангажманот во претпријатијата каде се реалзира
волонтерска пракса“. Работилницата е дел од проектот ”Посредување при
вработување на високо образовани млади невработни EMY” кој се реалзира
во Општина Велес и има за цел на волонтерите кои реализираат
волонтерска пракса да им помогне во сопственото професионално
усовршување.
Проектот е финансиран од Министерство за труд и
социјална политика на Република Македонија, Владата на Кралството
Норвешка и Канцеларијата на УНДП (Програма за развој на Обединетите
нации) во Република Македонија.
Партнери во проектот се Агенција за вработување и нејзините локални центри, Стопанска комора и нејзините регионални канцеларии , Општините во Република Мекедонија со нивните канцеларии за локален економски развој.
Во Општина Велес успешно се реализира проектот во кој 30 волонтери реализираат волонтерска пракса во 21 правен субјект.