ДЕЛА ОД КИЧЕВСКАТА КОЛОНИЈА ВО ВЕЛЕС
Општина Велес и Локалната установа Народен музеј Велес се организатори на изложбата на дела создадени на 16-тата Меѓународна кичевска ликовна колонија.Велешката публика следниве десетина дена ќе може да ужива во прекрасните дела на 23 автора од пет земји. Домаќини на отворањето на изложбата беа раководителите на Сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“.