Познати добитнитците на Деветоноемвриските признанија
Славчо Чадиев, Претседател на Советот на Општина Велес, на прес конференцијата одржана на 3-ти ноември годинава ги соопшти одлуките на Советот за доделување на Деветоноемвриските признанија за 2009 година.
Добитник на:
Спомен плакета на Општина Велес се доделува на
- Државен архив на РМ – Одделение Велес
- Одделение за трансфузиологија при ЈЗУ Општа болница Велес
- Димче Бегинов – Бегин, естраден уметник
Благодарница се доделува на
- Лила Арсова и учениците од III одделение од ООУ „Рајко Жинзифов“- Г.Оризари
- Златко Панчевски – член на Совет на Општина Велес
Пофалница се доделува на
- Славјанка Љуткова – поетеса
- Јорданчо Бајрактаров – извидник
- Киро Атанасов – спортски работник
- Јордан Маневски – естраден уметник
- Стрип центар на Македонија
- Центар за боречки спортови „Бушидо“
Наградата за животно дело „Гемиџии“ за2009 година се доделува на
- Борис Поп – Ѓорчев, новинар
Наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2009 година се доделува на:
- Бранкица Станковска, студент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Деветоноемвриските награди и признанија, на добитниците ќе им бидат врачени на свечената седница што по повод Денот на Општина Велес, ќе се одржи на 9-ти ноември годинава.