Кабинет по техничко образование за 21 век
Во рамките на ПЕП програмата во најголемото основно училиште во општината – „Васил Главинов“, УСАИД финансиски го поддржа проектот за уредување и опремување на кабинет по техничко образование. Оваа современа техничка лабораторија во употреба беше предадена од г-ѓа Солви Риктер – претставник на Амбасадата на САД во Република Македонија и г-дин Прентон, раководител на програмата ПЕП во УСАИД.
На присутните од име на Општина Велес им се обрати г-дин Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес кој меѓудругото истакна:
„На овој начин, со современите нагледни средства и софистицирана опрема, се свртува вниманието на учениците кон техниката на 21 век, кон предизвиците што водат кон остварување на визијата – што повеќе стручан кадар од техничките науки.
Токму овој кабинет е местото каде учениците ќе ги стекнат основите од техничките науки. Ова е местото што ќе ги насочи и ќе ги развие предиспозициите на талентираните ученици за струки и профили во средните и високошколските установи од областа на техничките науки. Овде ќе го започнат патот идните стручни кадри во чии раце е развојот и иднината на Велес.“