Градско првенство во карате
По повод 9-ти Ноември – Денот на Општина Велес, во салата на Општинското основно училиште “Благој Кирков“ се одржа второто по ред градско првенство во карате. Под покровителство на Општината Велес, а во организација на Центарот за боречки вештини “Бушидо“ и останатите карате клубови, турнирот го прогласи за отворен Славчо Чадиев, Претседател на Советот на Општина Велес. Пред преполнетата сала, продефилираа околу 200 каратисти од различни возрасти и од обата пола кои покажаа голем дел од својот богат репертоар.
На крајот за најуспешни беа прогласени:
Стојановски Стефан, Жерновски Никола, Дамчевски Антонио, Пановски Ѓорѓи, Васиќ Јован, Димов Бојан, Маневски Ацо, Илиевски Стојан, Радевски Ренато, Хаџиев Ристо, Андревски Данчо, Петков Даниел, Трајковски Димитар, Коцев Костадин, Дервишов Христијан. Чичевски Милан, Манев Мартин, Јосев Антониот во машка и Манева Ребека, Стојова Љилјана, Ордева Мартина, Нешова Сашка, Димовска Бојана, Темелкова Катерина, Војдиновска Маја, Анастасовска Ема во женска конкуренција. Сите победници, од организаторот добија скромни награди.
(10.11.2009)