Промовиран Граѓански информатор

ImageВо рамките на одбележувањето на Денот на Општината, на 9-ти ноември годинава, во центарот на Велес беше промовиран Граѓанскиот информатор на услуги. Информаторот креиран во рамките на проектот „Транспарентна општина“, го промовираа Сашо Клековски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес.

Информаторот овозможува полесен пристап на граѓаните до сите обрасци, формулари и постапки што како услуги ги обезбедува општината. Покрај информаторот во центарот на Велес како дел од проектот е изработен уште еден граѓански информатор кој е поставен во Граѓанскиот сервис центар. Проектот е реализиран со финансиска поддршка од МЦМС.

Image

(09.11.2009)