Амбасадорот на САД во Велес
Н.Е. Филип Рикер, Амбасадор на САД во Македонија, на 8-ти ноември годинава оствари средба со Градоначалникот Горан Петров. На средбата меѓу другото, стана збор за предизвиците во развојот на Општина Велес. Амбасадорот Рикер беше специјален гостин и на концертот на пијанистот Симон Трпчевски.