Покана за семинар

Image
Почитувани,

Ве информираме дека Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија (МАКинвест) и нејзиниот партнер ГТЗ - Проект за промоција на странски директни инвестиции, во соработка со Општина Велес организираат Семинар на тема:

“Странските директни инвестиции и нивното значење за развојот на приватните компании и општините”

Целта на овие семинари е запознавање на бизнис заедницата со значењето на странските инвестиции и предностите кои се нудат во развојот на приватните компании и општините.

Семинарот ќе се одржи во Среда, 08.02. 2006, со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Велес (голема сала).

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на Семинарот.

На Семинарот свое излагање ќе има Градоначалник на Општина Велес - Аце Коцевски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија (MACinvest) - Виктор Делов, раководител на сектор за кредитирање во Македонска банка за поддршка на развојот - Александар Станојковски, раководител на одделение во Секретаријат за европски прашања - Игор Марковски и претставник на ГТЗ - Проект за промоција на странски директни инвестиции - Јанко Тренковски.

Ве молиме најдоцна до вторник (07.02.2006 година) да го потврдите Вашето присуство на :

Тел/факс: 043/ 232 966; 212 100; 212 101
Е –маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски с.р.