70 години Бели Мугри
По седум децении од првото излегување во печат, во хрватскиот град Самобор, Рациновата збирка „Бели Мугри“ повторно ги собра во Велес почитувачите на неговото творештво. Во чест на поетската збирка што го освои светот, Општина Велес организираше свечена академија на која како специјални гости присуствува претставници на Градот Самобор од Република Хрватска.Тој град што негува достојна почит за Коста Солев Рацин ни подари репринт на првото издание на Рациновите „Бели Мугри“.
Повторно родената социјална поезија на Рацин ја презентираше Ангел Митревски, претседател на здружението на Македонците во Република Хрватска. „Ние и досега бевме и ќе останеме мост на пријателство и соработка со Велес и Македонија“, рече Митревски.
Во изјавата за новинарите, Хрвоје Франкиќ, Заменик – градоначалник на Самобор најави дека Градот веќе работи на поставување на нова биста на Кочо Рацин и други активности кои значат пиетет кон големиот поет.
Свечената академија беше збогатена со перформанс на Народниот театар „ЈХК-Џинот“.
(10.11.2009)