Велес на ЗЕЛС ЕКСПО 2009
На 25-ти и 26-ти ноември годинава, Општина Велес се претстави на петото издание на саемот на општините ЗЕЛС ЕКСПО 2009. Годинава презентацијата на Велес беше фокусирана на промовирањето на општината како атрактивна дестинација на транзитниот туризам. Покрај економските перспективи, Велес ги претстави и најголемите историски и културни вредности како тековните активности за подобрување на услугите. „Со стратешките документи, политиката на квалитет и потенцијалите на Велес ќе се обидеме на овој саем да го привлечеме интересот на домашните и странските инвеститори“, изјави за новинарите градоначалникот Горан Петров.
Општина Велес годинава учествуваше на повеќе панел дискусии и го презентираше проектот „Општински образовен портал“ како една од најавангардните практики која допрва ќе се пренесува во соседните земји. 5-то издание на саемот на општините го отвори премиерот Никола Груевски кој најави придобивки за општините во поглед на подобрувањето на финансирањето. На отворањето на саемот присутните ги поздравија и Коце Трајановски, претседател на ЗЕЛС, Натали Дрозд, заменик Амбасадор на ОБСЕ, Филип Рикер, Амбасадор на САД во Македонија и Ерван Фуере, Шеф на Делегацијата на Европската Комисија и Амбасадор на Европската Унија во Република Македонија. На саемот, Општина Велес се претсатви и со културно-уметничка програма.
(26.11.2009)