2009 година на предизвици

На 29 декември, Општина Велес го одбележа крајот на 2009 година, со свеченост во салата „Бели Мугри“. Во рамките на свеченоста беа презентирани постигнатите резултати и реализираните проекти во областа на локалниот економски развој, инфраструктурата, развојот на образованието и спортот, културата и воопшто сите надлежности на општината. Во своето празнично обраќање Градоначалникот Горан Петров го нагласи значењето на активното граѓанско учество за развојот на општината: „ Сликата за Општина Велес е најреална, највистинита кога доаѓа од Вас почитувани граѓани.

Во практиката се покажа дека вистинските подобрувања доаѓаат тогаш кога се засновани на вашите реакции, претставки, предлози и идеи“, рече Градоначалникот кој изрази задоволство што живее во град со многу креативни луѓе и млади таленти достојни за почит. Во  2010 година приоритетни определби на Општина Велес остануваат развојот на мали и средни претпријатија, развојот на крајбрежниот појас на Езерото Младост како центар на транзитниот туризам во Македонија, индустриските зони, образованието, културата и спортот  како и постојано подобрување на услугите врз основа на системот за управување со квалитет (Меѓународен стандард ISO 9001-2008). На свеченоста, беа доделени наградите за најуспешните во 2009 година:

  • Најдобар полицаец - Ладе Настов – инспектор во криминалистичката полиција
  • Најдобар пожарникар - Боби Банев
  • Најхуманист - Зоран Панов кој досега дарувал крв  111 пати

На свеченоста фондацијата „Коле Неделковски“ ги додели стипендиите за најуспешните ученици и студенти. Општина Велес ги награди и најкреативните граѓани за Празнична илуминација:

 

  • Излог: Цвеќара „Ирис“ ул. „Маршал Тито“ бб
  • Објект - двор:  ул. Костурска бр. 14
  • Тераса: ул. „Маршал Тито“ бр 82/3

Годинава средствата за одбележување на новогодишните празници беа наменети за набавка на 13 електронски табли за поддршка на современата настава во училиштата.

На свеченоста, елктронските табли за интерактивно учење, Градоначалникот им ги врачи на директорите на училиштата.

Празничната свеченост беше збогатена со пригодна културно-уметничка програма, со настап на уметниците Габриела Бачманова – Димовска, Илија настовски - пијано дуо, Игор Иванов - кларинет и Билјана Југова -виолина.