Поддршка на иницијативата за виш суд во Велес
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, на
средба со новинарите ја изрази својата поддршка на иницијативата на
судиите од основните судови во Велес, Кавадарци, Неготино и Гевгелија
за основање на Виш суд во Велес кој ќе биде надлежен за судење на
предмети од прв степен. Оценувајќи ја иницијативата како реално
остварлива поради соодветните просторни и технички услови како и
кадровски потенцијали, Коцевски смета дека со нејзината реализација ќе
се овозможат брзи и ефикасни судски постапки кои ќе завршуваат во
разумен рок.
Со реализација на оваа иницијатива не само што ќе се
придонесе во реформите на правосудниот систем на кои инсистира
Европската Унија туку ќе се овозможат многу придобивки за граѓаните кои
нема да бидат принудени да патуваат до Скопје и да губат денови и нерви
за да добијат само една потврда.
Во рамките на заложбите за основање на Виш суд-Велес, на 15.02.2006 година (среда), во големата сала на Општина Велес, со почеток во 13 часот Иницијативниот одбор организира јавна презентација на проектот „Виш суд-Велес“.