Нови стрип соседства

СТРИПНа 13.01.2020 во Галеријата „АЛТЕР ЕГО“ при Културниот центар „Средец“ во Софија, Р.Бугарија се отвори изложба од Стрип дела од проектот „НОВИ СТРИП СОСЕДСТВА“ имплементиран  од страна на Стрип центарот на Македонија-Велес. Се работи за трета и последна изложба од наведениот проект кој опфати 10 автори од Македонија и по 4 од Бугарија и Косово. Темите на создадените дела беа во контекст на позитивното херојство, борба против секаков тип на шовинизам со кој земјите од Балканот беа и (уште се ) изложени.

Преку овој проект се создадоа и зацврстија нови стрип мостови , а преку изложбите кои беа масовно посетени се создаде и клима за натамошен развој на стрипот во овие земји.Стрипот како култура и појава  нуди широки можности за употреба и треба да му се даде поголема  шанса.