Врачен Сертификатот ISO 9001 – 2008

Доделување на ISO 9001-2008Диадра Бојд, Координатор на Обединетите Нации и Претставник на УНДП во Република Македонија, на 16-ти февруари годинава  му го врачи сертификатот за воспоставен систем за управување со квалитет на Градоначалникот Горан Петров. На свеченоста по повод доделувањето на сертификатот базиран на Стандардот ISO 9001 – 2008,  Градоначалникот Петров ги презентираше резултатите од десетгодишната соработка со УНДП и го претстави првиот македонски  електронски систем за управување со документи создаден од сопствени ресурси на општината.„ Како резултат на спроведените активности на планот на борбата против корупцијата ги зајакнавме нашите капацитети, ја зголемивме свеста за потребата од постојана борба со корупцијата и  ја зголемивме довербата на граѓаните, домашните и меѓународните организации.

Како што нема градба без темели, нема развој без силни човечки капацитети. Ние заедно ги поставивме темелите на Европскиот Велес. А ова е само почетокот“ рече меѓу другото Градоначалникот кој упати јавна благодарност до Кралството Норвешка и УНДП за реализацијата и поддршката на проектот. На свеченоста, Дијана Крагељ, претставник на Словенечкиот Институт за квалитет и  метрологија ги презентираше областите на работа на институтот кој го издаде сертификатот на Општина Велес и изрази задоволство од можноста да ги види резултатите на лице место. „УНДП го препознава значењето на воспоставувањето на овој инструмент во секојдневното работење на општинската администрација  и ги поттикнува другите општини да го следат примерот за да бидат способни и самите да ги почувствуваат придобивките од овој процес и подобро да се позиционираат како општини способни за инвестиции од Европската Унија, приватниот сектор и другите фондови“, рече во своето обраќање Диадра Бојд, Координатор на Обединетите Нации и Претставник на УНДП во Република Македонија. Системот за управување со квалитет и овозможува на Општина Велес постојано да ги подобрува капацитетите за обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните.

 

Воведувањето на системот е финална активност на проектот „Борба против корупцијата за подобро управување“ што Општина Велес го реализираше со поддршка на УНДП во периодот 2006-2009 година.