Врачени средствата од хуманата акција на питијадата

Донација за настратданите семејстваГрадоначалникот на Општина Велес Горан Петров, на 23-ти февруари годинава ги врачи средствата што во хуманитарната акција на годинешната питијада беа собрани за семејствата од куќата што изгоре на 2-ри февруари. Средствата во вкупен износ од 87.871 денар, поделени во четири еднакви износи (по 21.960 МКД) им беа врачени на претставници на четирите семејства во кабинетот на Градоначалникот. Истиот ден, од средствата од буџетот со кои располага Градоначалникот со решение беше префрлена сума во износ од 50.000 денари (по 12.500 МКД) на секое од настраданите семејства. Неодамна и Советот на Општина Велес на настраданите семејства со одлука им додели финансиска помош во вкупен износ од 150.000 денари. Средствата беа распределени врз основа на проценетата штета. Со овие активности се реализирани најавите на општината за обезбедување на помош за настраданите семејства во што е можно пократок временски рок.