Одбележана шестгодишнината од смртта на Анита Кришан Лозановска
На 26-ти февруари, на гробиштата „Св. Спас“ беше одбележана шестгодишнината од смртта на велешанката Анита Кришан Лозановска која го загуби животот како член на делегацијата што го придружуваше Претседателот Борис Трајковски на патувањето во Босна и Херцеговина, на Меѓународна конференција за инвестирање. Во трагичниот настан кога авионот на Претседателот се урна во близина на Мостар животот го загубија сите членови на делегацијата и членовите на екипажот.
На гробиштата „Св.Спас“ почит на Анита Кришан Лозановска и оддадоа делегации на Општина Велес, Министерството за одбрана како и членови на нејзиното семејство. Македонија со повеќе настани на национално ниво му оддаде почит на својот трагиично загинат Претседател Трајковски.