Доставување и однесување на стока во Велес

Советот на Општина Велес донесе Одлука за доставување и однесување на стока во град Велес, со која е регулирано времето на доставувањето и однесувањето на стоката која ќе се врши во следниве временски интервали и улици:

1.Доставувањето и однесувањето на стока во Централното градско подрачје ќе се одвива по следните сообраќајници: ул. „Благој Ѓорев“, ул. „Илинденска“, ул. „Маршал Тито“, ул. „Гоце Делчев“, ул. „Никола Оровчанов“, ул. „Страшо Пинџур“, ул. „Димитар Влахов“ и ќе биде дозволено во временски период од 21.00 до 06.00 часот и од 08.00 до 09.30 часот.

2.Доставувањето и однесувањето на стока до и од градските пазари ќе се одвива по следните сообраќајници: ул. „Димитар Влахов“, ул. „Димко Најдов“, ул. „Нада Бутникошарова“, ул. „Петре Прличков“, ул. „Ленинова“ и ул. „11-ти Октомври“ и ќе биде дозволено за временски период од 21.00 до 07.00 часот и од 16.00 до 18.00 часот.

3.Доставувањето на стока до деловните простории (тезги) ќе се одвива по следните сообраќајници: ул. „Маршал Тито“, ул. „Благој Ѓорев“, ул. „Димитар Влахов“, ул. „Нада Бутникошарова“, ќе биде дозволено во временски период од 21.00 до 06.00 часот и од 08.00 до 09.30 часот.

4.Доставувањето и однесувањето на стока до и од деловниот простор во спортската сала во Градскиот парк ќе биде дозволено во временски период од 21.00 до 06.00 часот и од 16.00 до 18.00 часот.