Одбележани две години од акцијата „Ден на Дрвото“
На 12-ти март годинава, во хотелот „Романтик“ крај езерото „Младост“ беа одбележани две години од почетокот на акцијата „Ден на дрвото“ која предизвика голем интерес во повеќе земји во регионот и Европа. Во чест на двегодишнината од акцијата, нејзиниот иницијатор, оперскиот пејач Борис Трајанов и присутните гости повторно засадија дрвца како најава на претстојната акција во март. „Акцијата ќе ја организираме во текот на третата или четвртата недела од март, во зависност од временските услови. Во тек се и преговори за нејзино проширување преку соработка со земјите од Балканот“, рече Трајанов.
Во рамките на настанот дрвца засадија и гости од Данска, Обединетото Кралство, Турција, Србија и други земји кои во хотелот „Романтик’ присуствуваа на конференција посветена на искористувањето на фондовите од Инструментот за пристапна помош-ИПА на Европската Унија.