Одбележан Денот на потрошувачите
На 15-ти Март годинава, во Македонија беше одбележан Денот на потрошувачите. „Граѓаните како потрошувачи имаат право да знаат кави производи купуваат и да реагираат кога тие не се во согласност со утврдените стандарди“ изјави Марија Настова, претседател на Советот за заштита на правата на потрошувачите. Применувајќи ги процедурите за заштита на правата на потрошувачите во локалните заедници, Општина Велес работи во оваа област преку Советот за заштита на правата на потрошувачите кој меѓу другото спроведува едукација на граѓаните-потрошувачи и се грижи за остварувањето на нивните права. Сите граѓани кои сметаат дека по било која основа им се прекршени правата како потрошувачи можат да реагираат до Советот на контакт телефоните 043 232 406, локали 226 и 107.