Систем за електронски јавни набавки

Проектот за електронска Влада, заедно со Бирото за јавни набавки, организира неколку јавни настани со цел да ги информира компаниите кои би биле заинтересирани да се јават на тендерите објавени преку Системот за електронски јавни набавки. Обуката во Велес ќе се одржи на 17.02.2006 во периодот од 11 до 13 часот во просториите на Слободната Интернет Пристапна Точка (C@P) во локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Електронскиот Систем за Јавни набавки е предвиден да се користи како пилот проект со ограничен број на поддржани набавувачи. Системот понатаму ќе се прошири во платформа која ќе овозможи проширување на неограничен број на набавувачи. Оваа платформа овозможува работна околина за модерно организирање на Јавни набавки.

Електронскиот Систем за Јавни набавки е web ориентиран систем кој поддржува автоматизирано и модерно организирање на процесите за модерно организирање на Јавни набавки во Република Македонија. Понудените сервиси овозможуваат лесна подготовка и администрирање на сите документи кои пратат една Јавна набавка, online комуникација со понудувачите, сигурносен проток на податоците.