Aктивности во чест на патрониот празник

По повод одбележувањето на патрониот празник на ООУ "Благој Кирков"- Велес во училиштето беа изведени голем број на активности. Оваа година по прв пат на 16 Март во просториите на училиштето од 10 до 13 часот беше организирана крводарителна  акција, совпаѓајќи се со светскиот ден на крводарителот, а истиот ден со почеток во 12 часот во кабинетот по македонски јазик се одржа литературно-ликовен хепенинг на кој присуствуваа гостите: поетот Игор Крајчев и академскиот сликар проф.д-р Фехим Хусковиќ и ученици од сите училишта од општината и по повод распишаниот литературен и ликовен  конкурс беа доделени награди и благодарници.

На 18 Март  со почетокот во 18 часот во салата "Бели Мугри" по повод патрониот празник се прикажа  музичко - сценската претставата "Ангелско срце за детска насмевка"   во која учество земаа учениците од 1-8 одделение, кои пееја и рецитираа на тема хуманост, а публиката ја имаше во голем број.

Во чест на патронатот се одржаа и спортски активности: натпревар по фудбал -женски и натпревар по кошарка - машки, на поканетите училишта им беа поделени благодарници за учество.

Се надеваме дека со реализирањето на активностите,  достоинствено беше одбележан патрониот празник на нашето училиште и таа традиција ќе продолжи и во следните години!