40 години франкофонија со француска шансона и творештвото на Шоптрајанов

4 децении од основањето на Меѓународната организација на франкофонијатаВо организација на Амбасадата на  Република Франција, Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ и Општина Велес, на 24 март годинава со културна манифестација се одбележаа 4 децении од основањето на Меѓународната организација на франкофонијата.Во рамките на настанот за првпат во официјална посета на Велес престојуваше Н.Е. Г-дин. Жан Клод Шлумберже, Амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На средбата со Амбасадорот, Градоначалникот Петров ги презентираше историските и културните врски на Велес со Република Франција, соработката со Француската национална асоцијација на градови со историја и култура и регионите Алзас и Долна Нормандија.

„Навистина сум среќен што оваа моја прва посета на градот Велес се поклопува со манифестацијата посветена на франкофонијата. Да се биде член на меѓународната организација на франкофонијата како што е вашата земја е начин да се покаже дека се врши промоција на културата и лингвистичката разновидност, значи не само промоција на францускиот јазик, туку и на другите јазици. Запознат сум со тоа дека во градот Велес има многу славни личности  и особено сум среќен што меѓу нив има и франкофони. Тоа е една порака што би сакал да се пренесе на младите генрации. Не само што слушнав за Ѓорги Шоптрајанов, туку и го видов  неговиот портрет  при посетата на општината. Шоптрајанов не само што е познат туку е и препознаен од страна на францускиот Претседател од кого има добиено признание“, изјави за медиумите Амбасадорот Шлумберже. Градоначалникот Горан Петров изрази задоволство од успешната соработка на планот на културата: „Она што мене ме радува е што Велес е домаќин на оваа манифестација и со сопствени уметници ќе ја проближи француска култура до граѓаните. Верувам дека поддршката што ја најави Неговата Екселенција ќе не поттикне да организираме нови манефестации. На Амбасадорот му ги претставив нашите најзначајни меѓународни културни манифестации. Сметам дека како град имаме што да покажеме, а  ќе ни биде задоволство да бидеме домаќини на француските уметници.

 

На франкофонската вечер што се одржа во салата „Бели Мугри“ настапија групите „Соната“ и „Тринити Бенд“, Орхидеја Дукаова –сопран во пијано придружба на Антоније Аранѓеловиќ, Катерина Брезева и трајче Бондиќов, Никола Димовски, велешките претставници на натпреварот на француска шансона Сања Смилевска, Бошко Игнатовски и Моника Саздова како и членови на балетското студио на Тони Ковачев. Присутните имаа можност да слушнат и стихови од француските поети Превер и Аполинер, изведени на француски и македонски јазик. Франкофонската вечер ја режираше актерката Слободанка Чичевска.