Economy of Macedonia 2006

Целта на проектот Economy of Macedonia 2006 е да се претстават македонските компании, кои стопанисуваат во државата и допринесуваат за нејзиниот развој, на светската бизнис елита т.е. презентација на македонските производи, услуги, туризам и привлекување на странски инвеститори.


Проектот е од публикациска форма т.е ќе бидат изработени печатени и електронски материјали од страна на Информативниот Македонски Центар ИНФОРМА ПЛУС и истите ќе бидат доставени до стопанските асоцијации во земјите преку нивните дипломатски конзуларни претставништва акредитирани во Македонија.

Во проектот е предвидено да бидат застапени следните дејности:
1.Металургија, рударство и металопреработувачка дејност
2.Електроника, електротехника, енергетика
3.Градежништво
4.Текстилна и кожна индустрија
5.Чевларска индустрија
6.Дрвна и дрвопреработувачка индустрија
7.Хемиска индустрија
8.Банки, Осигурителни компании
9.Сообраќај и транспорт
10.Угостителство и туризам
11.Медицина и фармација
12.Земјоделие, Сточарство, Живинарство
13.Храна, Пијалоци, Вино
14.Графички дејности

Податоците кои се потребни за стапување во контакт со фирмите и навремено обезбедување на рекламни материјали се следните:
1.Име на компанија, фирма
2.Лице за контакт
3.Телефонски број
4.Адреса
5.Дејност со која се бави компанијата.
Ги молиме фирмите од Општина Велес кои сакаат да бидат презентирани најкасно до 22.02.2006 (среда) до 14 часот да ги достават потребните (основни) податоци на

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
или на факс: 043/ 212 101 или 232 966

Доколку Ви се потребни дополнителни информации:

Лице за контакт:
Сашко Ристовски – Раководител на одделение за економски развој и информатичка технологија, Општина Велес
Тел: 043/ 212 100
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.