Младите против девијантните појави
Во организација на Општина Велес, во првата половина на април годинава , во општинските средни училишта се одржаа работилници на тема „младите и девијантното поведение“. Работилниците се активност утврдена во Локалниот акциски план за родова еднаквост за периодот 2010 година, изработен од Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите и усвоен од Советот на Општина Велес. Работилниците ги водеше стручен тим на психолози кои во директна комуникација со младите и преку интерактивен пристап ги идентификуваа сите постојни и можни девијантни појави во локалната заедница како и моделот на девијантно однесување.
Младите и овојпат покажаа конструктивност, желба за соработка и креативност. Интересот на младите покажа дека соработката со идните генерации на развојот на Велес треба да се продлабочува во сите сфери на општествениот живот. Според планираното, во наредниот период ќе се одржат и работилници со учениците во основните општински училишта.