Копаничарството израз на македонското
На 15 април годинава, Во ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на копаничарот Славе Петков. За Петков од особено значење како негова прва самостојна изложба, а за љубителите на префинетоста и уникатноста на македонското копаничарство можност да посведочат за спојот на уметноста и природата. „Изложбата ја отвори Спасе Перовски кој меѓу другото оцени дека во креативната слобода на Петков се чувствува страста и предаденоста на копаничарството“. Во делата на Петков доминираат орнаменти карактеристични за македонското поднебје како и ликови од православието.
Негови дела веќе се наоѓаат кај љубителите на копаничарството од Македонија и повеќе земји од светот. Петков е автор на над 100 копаничарски дела и учествувал на повеќе групни изложби во државава. Преку своите дела Петков донесе едно ново и свежо доживување со свој специфичен израз во пластичноста на формите грижливо создавани во интеракција со природниот елемент-дрвото.