Едукација за превентивата во стоматологијата
Во рамките на активностите за превентивна здравствена заштита, во организација на Службата за превентивна стоматолошка заштита на децата, на 27 април, во Општина Велес се одржа едукативен семинар за просветни работници. Семинарот го отвори Градоначалникот Горан Петров кој укажа на фактот дека со децентрализацијата превентивната здравствена заштита се повеќе прераснува во една од приоритетните надлежности на општините. За значењето на превенцијата и улогата на образовните институции во негувањето на културата за стоматолошка превенција говореа Асс. м-р др. Александар Филдишевски, др Гордана Тодоровска и Доц. др Златко Георгиевски. Посебна атмосфера на настанот предизвика настапот на децата од Детската градинка „Димче Мирчев“.