Извештај 2009

На прес конференција што се одржа на 5-ти мај годинава, Градоначалникот Горан Петров го презентираше флаерот насловен „Извештај 2009“. Со овој начин и информирање на граѓаните за трошењето на буџетските средства, велешани „ќе имаат можност да се запознаат со основните параметри во финансиското работење на општината и и самите со свои предлози и креативни идеи  да придонесат во одлучувањето како да се трошат општинските пари во иднина“, рече Градоначалникот.

Покрај парамерите за приходите и расходите во општинскиот буџет, флаерот „Извештај 2009“  ја содржи распределбата на буџетските средства по програми како и најзначајните инфраструктурни, образовни, културни и други проекти реализирани во текот на мината година. Флаерот отпечатен во 15.000 примероци во соработка со ЈКП „Дервен“ со сметките за вода ќе се дистрибуира во домаќинствата.

 Годишен извештај за 2009 година