Јавно презентиран проектот Виш суд - Велес

ImageВрз основа на иницијативата за основање на Виш суд со седиште во Велес, судите при основните судови од Велес, Неготино, Кавадарци и Гевгелија јавно го презентираа проектот за основање на Виш суд во Велес каде би се суделе премети за убиство, организиран и стопански криминал, трговија со оружје и луѓе и други тешки кривични дела.


Ставот на судиите е дека со поделба на скопското апелационо подрачје од досегашните три на четири виши суда со седиште во Скопје, Куманово, Велес и Тетово ќе се овозможи развој на поефективен и поефикасен правосуден систем во интерес на придобивките на граѓаните. На презентацијата на проектот беше оценето дека во Велес постојат соодветни просторни, технички и кадровски услови за реализација на иницијативата.

Image

И додека е во тек јавната расправа за новиот Закон за судовите, Министерството за правда сеуште не се изјаснило по инцијативата за основање на Виш суд за Повардарскиот регион со седиште во Велес.

Image

Судиите иницијатори на ова барање поддршка добија од Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, од Советот на општината, Основното јавно обвинителство и правобранителство, Адвокатската комора на Македонија и здружението на нотарите. На јавната презентација на проектот „Виш-суд Велес“, поддршка на иницијативата даде и Ванчо Муратовски, преседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Image