Продлабочување на соработката со Романија
Проширувањето на успешната културна соработка, воспоставување на нови форми на соработка на економски план, размена на мислења и искуства околу работата на јавните комунални претпријатија и прецизирање на деталите околу апликацијата во ЕУ Програмата „Култура 2007-2013“ се само дел од темите што официјалната делегација на Општина Велес ги разгледува со претставниците на збратимениот град Слобозија, Република Романија. Делегацијата предводена од Градоначалникот Петров, во Слобозија престојува на покана на Градоначалникот Габи Јонаску,по повод празникот на градот и традиционалниот фолклорен фестивал „Цвеќето на Бараган“.
Како дел од делегацијата покрај Градоначалникот Петров, во Слобозија отпатуваа Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес и Ѓорги Коџобашиев, директор на ЈКП „Дервен“. Во рамките на посетата на Слобозија, делегацијата на Општина Велес ќе има можност да ги види најзначајните инфраструктурни проекти во областа Лаломита и на лице место да ги види искуствата на Слобозија во искористувањето на средствата од европските фондови.