Александар Попов одбележа 55 години творештво
Академскиот сликар Александар Попов - Сашко со ретроспективна изложба во Ликовниот салон на МАНУ, во април годинава одбележа 55 години творештво. Со богато искуство зад себе како графички дизајнер и самостоен уметник, Попов досега реализирал 13 самостојни изложби во Македонија и Канада. Добитник е на низа награди меѓу кои наградата „Гемиџии“ на Општина Велес за животно дело во областа на културата . Во рамките на ретроспективната изложба во ликовниот салон на МАНУ во Скопје, посетителите имаа можност да видат 44 слики масло на платно и 26 цртежи. Попов најави дека ретроспективната изложба наскоро ќе имаат можност да ја видат и неговите сограѓани во Велес.