Македонија го загуби Гане Тодоровски

IN MEMORIAM
Македонија го загуби Гане Тодоровски.

Еден од најголемите книжевни мислители, писателот, поетот, критичарот есеистот  Гане Тодоровски веќе не е физички присутен  меѓу нас. За жал престојното издание на традиционалните „Рацинови средби“ ќе помине без моќната беседа на академик Тодоровски кој знаеше и умееше да ја изнедри од себе суштината на Рацин како што умееше да биде енергичен закрилник на македонската книжевна историја. На сите велешани и посетители  кои во изминатите лета имаа можност да слушнат барем дел од грстовите непроценлива мисла што академик Гане Тодоровски неуморно и искрено ја споделуваше со сите ќе им остане споменот дека споделиле миг со еден од најголемите, поети и мислители на нашето време. Ни остана неговиот „Божилак“, неговите 12 поетски книги, преводите, есеите, беседите. Имавме среќа изворно да ја слушнеме неговата мисла,во Велес да го пречекаме незаборавот.
Нека почива во мир.